Ернандез го напушта Аспар?


    Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


    Според медиумите, Ернандез најверојатно нема повеќе да вози за Аспар Дукати.

    Иако се веруваше дека тој ќе остане во тимот, во Арагон се појавија шпекулации дека тоа нема да се случи.

    Ернандез освои најмалку бодови од сите возачи кои беа на стартот на сите трки оваа сезона, само 13.

    Неговиот колега од тимот, Лаверти има освоено 71 поен, но тој заминува во Супербајк наредната година, а во тимот доаѓа Алваро Баутиста.

    „Зборуваме со Џони за некои други опции. Се ќе биде јасно во текот на наредната недела.“, изјави директорот на Аспар, Борсои.