Хендикеп за Ливерпул – Клоп повторно останува без својот фудбалер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Жоел Матип не е повреден, сега има друг проблем.

Сеуште не е познато дали тој има право на настап за Ливерпул затоа што одби да игра на Африканскиот куп, а токму поради тоа го пропушти натпреварот против Манчестер Јунајтед, а најверојатно ќе го пропушти и натпреварот против Плимут вечерва.

Јирген Клоп ги консултираше адвокатите и му беше кажано дека е најдобро да ја почека конечната одлука на ФИФА.

За натпреварот против Плимут, Клоп нема да може да смета на уште неколку првотимци, а на пат тргнаа Даниел Стариџ, Филипе Кутињо, Алберто Морено, Леива, Дивок Ориги и Рагнар Клаван.

Натпреварот се игра од 20:45.