Жоржињо откри кој го убедил да потпише за Челси

Италијанскиот фудбалер со бразилско потекло Жоржињо летоска се пресели од Наполи во Челси, заедно со тренерот Маурицио Сари.

Иако изгледаше дека 27-годишниот фудбалер е блиску до потпис со Манчестер сити, сепак на крајот дојде до пресврт.

Одличниот фудблаер призна дека неколку фактори имале влијание на неговата одлука да го избере Челси пред Сити, а најголемата ја одиграла неговата мајка.

„Многу работи се случија и донесов важна одлука. Да бидам искрен, ја прашав мајка ми за совет, зашто секојпат кога решавам за важни работи, разговарам со неа. Па, така беше и овојпат“, кажа Жоржињо.

Инаку, Жоржињо е роден во Бразил, а во Италија живее од 15 години. Исто така е член на репрезентацијата за која одигра 13 натпревари.