Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Иван Перишиќ најверојатно ќе го напушти Интер наредното лето.
Тој и оваа сезона игра добро во тимот, а за неговите услуги се заинтересирани Челси и Ливерпул.
Според медиумите, Интер одредил цена од 40 милиони евра и се смета дека тие со ова би направиле добар трансфер и би заработиле многу пари.
Тој стигна од Волфсбург за 16 милиони евра, па тие би заработиле повеќе од двојно со неговата продажба.
Перишиќ одигра 19 натпревари во Серија А и постигна 7 голови, а имаше и 4 асистенции.