За Андре Роберсон нема одмор иако е лето


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Крилото на Оклахома Тандер само што ја имаше најдобрата сезона во кариерата но тоа не значи дека нема уште простор за напредок.

 

Неговата најголема слабост беше откриена во плејофот, каде тимовите намерно го фаулираа затоа што тој константно ги промашуваше слободните фрлања. Андре Роберсон откри дека летово почнал интензивно да работи на подобрување на шутот од линијата за слободни фрлања.

“Морам да ги доведам телото и умот во врвна форма.” – изјави тој.

“Не го правам ова за никој друг освен за себе. Само јас можам да си помогнам кога ќе ги шутирам слободните фрлања, така што подобро е да се работи на тоа што е можно порано. Пробувам да се доведам во ситуација каква што би можела да ми се случи во плејофот, да бидам изморен и да застанам зад линијата за слободни. Ако почнам почесто да ги погодувам тогаш ќе знам дека мојата игра се подобрува.” – додаде Роберсон.

 

Тој е еден од најдобрите еден-на-еден дефанзивци во целата лига и во минатата сезона често ги чуваше најдобрите играчи од противничкиот тим.

Тимот на Оклахома го заврши патот во плејофот уште на првата препрека, каде изгуби од Хјустон Рокетс со убедливи 4-1.