Зошто Берарди никогаш не направи голем трансфер во кариерата!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Откако Доменико Берарди се појави во Серија А беше прогласен за еден од најголемите таленти во италијанскиот фудбал.

Фудбалерот на Сасуоло синоќа го одигра 150. натпревар во Серија А во кариерата, а интересно е тоа што има добиено повеќе картони, отколку што има постигнато голови.

Меѓутоа, годините поминуваат, а Берарди и понатаму игра за Сасуоло, чиј член е цела кариера. Всушност, тој беше продаден во Јувентус, но таму никогаш не одигра ниту еден натпревар, па по две години се врати во Сасуоло.

Берарди во текот на кариерата имаше и проблеми со повреди, но најверојатно една од причините поради кои не направи никогаш голем трансфер е тоа што има големи проблеми со недисциплината.

Крилниот напаѓач на Сасуоло постигна 49 гола во италијанското првенство, а има и толку жолти картони, како и четири црвени картони.