Иако на лето станува најскапиот стопер во историјата, аранжманот за 45 луѓе за него немаше цена…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ако замине од Наполи веројатно тоа би било рекорд кога се стоперите во прашање.

Калида Кулибали е првата желба на Јунајтед, Де Лаурентис бара околу 120 милиони евра и како што се наведува „Ѓаволите“ размислуваат за тоа. Сенегалецот нема да ја освои титулата ниту оваа сезона, а иако беше извесно дека мечот со Јувентус не може ништо да промени, тој ги повика своите пријатели и роднини на мечот.

Вкупно имаше 45 луѓе кои беа сместени во еден хотел близу Наполи, им го плати летото, сместувањето, ги однесе на мечот и по поразот ги почести во еден ресторан.

Тој и сопругата Шарлин на тој начин на роднините и пријателите им овозможија убаво доживување иако на теренот славеше Јувентус.