Ивановски потпиша за Јавор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот македонски напаѓач откако го раскина договорот со Работнички потпиша за српскиот тим на Јавор од Ивањица.

Ивановски со Јавор потпиша едногодишен договор, а од клубот го најавуваат како големо засилување во пресрет на новата сезона.

„Успеавме да донесеме играч кој некое време го посакувавме во Ивањица.Со потпишувањето на договорот со Ивановски сметам дека ќе добиеме вистинско играчко засилување кое ќе ни помогне во остварување на целта за оваа сезона, а тоа е борбата за плеј оф“-коментираше спортскиот директор на Јавор Матис, Никола Лишанин.

Во Јавор подолго време настапува и младиот репрезентативец на Македонија, Алекса Амановиќ.