Играчи на Ливерпул се заглавиле во лифт, а сето тоа го снимил Дејан Ловрен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Редсите минатата година беа најголемо изненадување бидејќу успеаа да стигнат до финалето на ЛШ, но јасно е дека овој пат се под дополнителен притисок. Откако ја поминаа групната фаза, го добија еден од најтешките противници.

На Енфилд утре пристигнува Баерн Минхен, па сигурно не очекува вистински спектакл. Интересно видео се појави на социјалните мрежи, а во центарот на вниманието се играчите на Ливерпул, кои некако успеале да се заглават во лифтот во тренинг центарот.

Сето тоа го снимал Дејан Ловрен, а во неговото друштво биле Фирмино, Робертсон, Морен, Хендерсон и Трент Александер- Арнолд.

Тие не можеле да се воздржат од смеење, а она што е најважно е дека помошта пристигнала многу брзо.

Јирген Клоп се запрашал зошто играчите доцнат на тренингот, но многу брзо стигнало објаснување за тоа, а видеото на Ловред е доказ за целата ситуација.