Игуаин во Челси – конечната одлука ќе ја донесе Јувентус!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Гонзало Игуаин и Алваро Мората ќе ги заменат клубовите во јануари, но сепак постои и трета страна, а тоа е Јувентус, кој мора да се согласи на тоа.

Игуаин повеќе пати покажа желба да работи повторно со Маурицио Сари, тренерот на Челси, додека Мората сака да се врати во Серија А.

Сепак, за да се случи било што од тоа, мора одобрение да даде Јувентус, кој го има Игуаин испратено на позајмица во Милан за 18 милиони евра, со можност да се откупи неговиот договор.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Челси би можел да ги преземе трошоците за наредните шест месеци од позајмицата, па на сметка на клубот од Торино би биле платени девет милиони евра, со можност да го откупат на крајот на сезоната.

Од друга страна, Мората е проценет на 45 милиони евра.