„Имав карта за враќање дома, но…“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Борна Чориќ направи сензација откако го елиминираше Мареј во третото коло во Мадрид.

Чориќ стана херој на турнирот, затоа што тој како среќен губитник се пласираше во главниот ждреб на турнирот, а потоа стигна до ¼-финале.

„Оваа победа ми значи многу. Досега тука не сум играл добро, па така ова е големо изненадување. Вчера по натпреварот, почнав повторно да се чувствувам добро, играм добар тенис, но многу ми значи оваа победа.“

„Од почетокот верував во победа, но можеби по освојувањето на првиот сет и резултат 3:3 во вториот, сфатив дека постои голема шанса.“