Имаше шанси да бира: Им кажа „не“ на Јувентус и Сити и се договори со Лајпциг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Лајпциг ги заврши преговорите околу доведувањето на младиот фудбалер од Бразил, Луан Кандидо.

Италијанските медиуми изминатите месеци пишуваа за него, како што се наведува Јувентус испратил официјална понуда за овој 18-годишен лев бек, но на крајот не успеаа да го придобијат да дојде во редовите на црно-белите од Торино.

Како што се наведува и Манчестер Сити се обидувал да дојде до него, но ниту тие не успеаа во таа намера, туку тоа му појде од рака на Лајпциг.

„Кикер“ пишува дека медицинските прегледи ќе бидат оваа недела, а засега обештетувањето останува тајна, иако се смета дека е околу 10 милиони евра.

Очигледно, Германците поставија одлични услови за фудбалерот на Палмеирас кој е стандарден член на младинските селекции на Бразил.