Индијан Велс – Конта во аут, Свитолина експресно против Гаврилова!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во женскиот дел од турнирот во Индијан Велс немаше големи изненадувања.

Пласман во 1/8-финале обезбедија Елина Свитолина, Кузњецова, Башински, а изненадување направи Гарсија.

Таа во 3-то коло ја победи конта со 3:6, 6:3 и 7:6 во дуел во кој беше видена голема борба.

Гарсија за пласман во ¼-финале ќе се бори против Кузњецова која беше подобра од Винчи со 6:2, 2:6 и 6:1.

10-та тенисерка во светот, Свитолина беше подобра од Гаврилова со 6:2 и 6:1 додека Башински ја победи Бертенс со 6:3, 5:7 и 7:6.

Нејзина следна противничка ќе биде Мугуруза која имаше многу проблеми со Кајла Деј.

Каролина Плишкова во 2 сетови беше подобра од Бегу, а Павличенкова исто така беше сигурна против Стрицова со 6:2 и 6:3.