Интер бара засилувања, најново пронајдоа во Дортмунд?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер сака да го засили својот тим веќе во јануари, Пиоли има неколку мети.

Екипата на Интер бара засилувања, можно е во јануари да стигнат неколку играчи со цел да се засили конкуренцијата, а едне од нив може да биде и фудбалер на Борусија од Дормунд кој не добива премногу шанси да игра кај Томас Тухел.

Се работи за фудбалер по име Парк Јо-Хо, лев бек кој во оваа сезона одигра само два натпревари за Борусија од Дортмунд.

Овој 29-годишен фудбалер сака да замине, а Интер прво сака да го проба преку позајмица, со можност за договор на лето околу оштетата и потпишување на договор за постојано.

Фиорентина истотака е заинтересирана за Парк, но сеуште никој не направи конкретни чекори.

Парк порано играше за Мајнц и Базел, инаку е репрезентативец на Јужна Кореја.