Интер го враќа Соареш во Саутемптон и носи нов фудбалер од Премиер лигата


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Тутоспорт“ пренесува дека од таборот на Интер нема да ја искористат опцијата за да го откупат договорот на Седрик Соареш и истиот ќе биде вратен во Саутемптон на почетокот на летниот преоден рок.

Наместо тоа, од Интер планираат да го донесат фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Матео Дармиан кој не добива многу минутажа и под водство на Оле Гунар Солскјер.

„Нероазурите“ планираат до Манчестер Јунајтед да испратат понуда од околу 11 милиони евра за да ги обезбедат услугите на повремениот италијански репрезентативец.