Интер има пеколен план: „Нераѕурите“ сакаат две ѕвезди!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер тргна во потрага по нови засилувања, со кои би требало да го подобри квалитетот во екипата, но и ќе се обиде да ја прекине доминацијата на Јувентус во Серија А.

Со трансфер во Интер се поврзуваат двајца фудбалери, а еден од нив е Диего Годин, кој наводно потпишал договор со Интер. Во Милано ќе пристигне бесплатно, откако ќе му заврши договорот со Атлетико Мадрид.

Втора ѕвезда, која треба да пристигне, е Арјен Робен. Легендарниот Холанѓанец останува без договор на крајот на сезоната, па се очекува 35-годишниот фудбалер да се пресели во Интер.

Наводно, овие две засилувања ќе треба да го донесат потребното искуство за освојување на шампионската титула во италијанскиот шампионат.