Иран и Мароко ги освоија срцата на фудбалските фанови, Шпанија и Португалија осминафиналисти


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Репрезентациите на Португалија и Иран одиграа тврд и тензичен натпревар во рамките од последното коло од групата Б на „Мордовиа Арената“ во Саранск.

Избраниците на Карлос Квеироз одлично се бранеа, па во првите 40тина минути не бевме во можност да гледаме кој знае колку убав натпревар. Сепак, во 45. минута видовме индивидуална мајсторија на Кварезма кој го отвори резултатот за второ полувреме кое ветуваше поубав фудбал.

Но и покрај тоа и во вториот дел гледавме тежок натпревар кој беше многу повеќе напнат и со далеку поголема тензија.

Возбудување видовме во 53. минута кога голманот на Иран одлично му го одбрани пеналот на Кристијано Роналдо и ја остави својата репрезентација во живот.

Иранците успеаја да дојдат до израмнување во 93 минута откако Ансарифард реализира удар од белата точка.

Во Калининград  пак видовме многу подобар натпревар барем кога во прашање се головите. Мароко на два пати водеше, но Шпанците се враќаа во игра и не дозволија големо изненадување. Очигледно е дека настаните од пред почетокот на Мундијалот се уште имаат влијание врз „црвената фурија“.

Мароко дојде до водство во 14. минута преку Боутаиб, но Иско по само пет минути го изедначи резултатот. Мароканците уште еднаш ја изненадија фаворизираната селекција на Шпанија, па во 81. минута преку Ен Несири зголемија на 2:1. Сепак, Јаго Аспас во 91. минута го постави конечниот резултат на средбата .