„Иско е добродојден во Барселона“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Алба го повика Иско, кој настапува за Реал Мадрид, да му стане соиграч.

„Секој добар играч е добродојден во Барселона. Имам голема почит кон Иско, заедно игравме во Валенсија и знам дека има голем квалитет. Времето ќе каже дали трансферот во Барселона ќе се реализира.“

Доколку дојде до трансфер, Иско ќе направи потег сличен на тој од 1996 година кога Енрике премина од Реал во Барселона.

24-годишниот фудбалер е незадоволен со минутажата во Реал, па скоро сигурно ќе замине од тимот.

Досега интере за него покажаа Сити, Јувентус и Челси.