Истекува времето на Бејл, но постојат две опции за конечна одлука?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал има идеја, но не може против желбата на својот најдобро платен играч,кому изгледа му здосади…

Изгледа дека приказната за Герет Бејл стигна до својот крај.

Исвиркан е неколкупати, навивачите се бесни, а приказната за тоа дека ќе го замени Роналдо е нереална.

Едноставно, двата погодоци во Лигата на шампионите само ги излажа луѓето во клубот кои се обидуваат да го наметнат како лидер, почнувајќи од времето кога е доведен Бенитез, па до Лопетеги.

Велшанинот има проблеми и со повредите, изгледа дека времето му истече.

Според информациите од Шпанија, Реал е подготвен да го понуди како дел од работата со Челси за Еден Азар. Бејл во тој случај би бил „кусур“, иако е големо прашање дали би прифатил.

Имено, според тврдењето на англиските весници, тој е многу позаинтересиран за пристигнување во Манчестер Јунајтед кој е подготвен да понуди околу 120 милиони евра за своевремено најскапиот играч на сите времиња.

Тие можат да му гарантираат плата од 15 милиони евра по сезона, постои дури и шанса сето тоа да се одигра во јануари, но пред тоа, Реал би требало да најде замена. Тие го сакаат Алекс Сандро, ќе направат како што се наведува размена за Марсело, го следат развојот на ситуацијата околу финансискиот скандал со ПСЖ, причината секако Нејмар или Мбапе, а би сакале да го вратат и Хамес Родригез.

Во секој случај, на Пиринејскиот полуостров се прилично сигурни дека ова е последна сезона за Велшанецот во Шпанија.