Истрагата продолжува: Откриена причината за уривањето на хеликоптерот на газдата на Лестер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските истражувачи соопштија дека во истрагата го насочиле вниманието на проблемот со системот на роторот на хеликоптерот во чиј пад почина газдата на Лестер, Вичај Шриваданапраба.

Произведувачот на хеликоптерот објави безбедносно предупредување до сите сопственици на моделот „АВ169“, кој падна минатиот месец во близина на стадинот „Кинг Пауер“.

„Истрагата за контролниот систем на страничниот ротор се спроведува како приоритет“, пишува во соопштението.

Инаку, во несреќата починаа Вичај и уште четири лица веднаш по натпреварот од Премиерлигата помеѓу Лестер и Вест хем.