И повеќе од очекувано: Рамос е над законот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатата недела „Дер Шпигел“ ги пренесе наводите на „Фудбал Ликс“, дека капитенот на кралскиот клуб паднал на допинг тестот по финалето во Лигата на шампионите 2017. година против Јувентус.

Тие навеле дека Серхио Рамос бил позитивен на забранетата супстанца по победата против Јувентус од 4:1, но како што пренесува „ЕСПН“, тој ќе избегне соочување со дисциплинските постапки.

Извори од УЕФА и светската антидопинг агенција наведуваат дека нема да бидат преземени било какви акции по повод на овој инцидент поради тоа што тие сметаат дека тоа е административна грешка.

Ла Лига и шпански ФА исто така нема да преземат било какви мерки по повод ова случување и инцидентот во Малага, бидејќи како што тие наведуваат, шпанската агенција за борба против допингот не имаше никакви докази за било каков прекршок.