И тоа се случило: Одбил договор од Арсенал за да игра во швајцарската лига


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


19 годишниот Јасин Фортјун откри зошто одбил четиригодишен договор од Арсенал кој му бил понуден минатото лето.

Фортјун истакна дека сакал да замине некаде каде што ќе игра првотимски фудбал, па се решил да се пресели во редовите на Сион.

Францускиот интернационалец сезонава има 12 настапи во дресот на Сион на кои постигнал два погодоци.

„Арсенал ми понуди четиригодишен договор, но јас сакав да влезам во професионалниот фудбал. Арсенал е голем клуб, но мене ми требаше минутажа, морав да играм, затоа преферирав да си заминам. Тешко беше да останам во Арсенал затоа што пред мене имаше големи играчи и нов менаџер“- коментираше Фортјун.