Каков Роналдо: Верувале или не, Португалецот има повеќе победи од Јувентус и од 136. клубови кои настапуваат од основањето во ЛШ (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Иако во победата над Валенасија со резултат од 1:0, Роналдо бе се запиша во листата на стрелците, ќе има добра причина да го памети синоќешниот меч додека е жив.

Беше тоа јубилејна 100. победа на Роналдо во Лигата на шампионите со која стана единствениот фудбалер со такво достигнување. Роналдо најмногу победи оствари со Реал Мадрид 71, со Манчестер Јунајтед славеше 26, а со Јувентус на трипати.

Роналдо е рекордер и по бројот на погодоци 121, асистенции 40 и трофеи 5 во Лигата на шампионите, а повеќе настапи од него во ова натпреварување од него има само Икер Касиљас иако е само прашање на денови кога Португалецот и него ќе го надмине.

А сега, неколку неверојатни статистички податоци кои докажаа колку Кристијано Роналдо е всушност голем.

Роналдо во текот на својата кариера оствари повеќе победи во Лигата на шампионите отколку неговиот клуб за кого настапува. Португалецот има 100, а Јувентус, кој е голем европски великан има девет помалку.

Во Лигата на шампионите од основањето настапувале 140 клубови, а само четири клуба имаат повеќе победи од самиот Роналдо. Тоа се неговите Реал Мадрид со 155 и Манчестер Јунајтед со 117 победи, потоа Барселона со 141 и Баерн Минхен со 131. Останатите 136 екипи се под Португалецот.