Како се нарекува овој потег во фудбалот?  Мајсторија на младиот ас на Милан! (Видео)

Мануел Локатели изведе нешто што ретко се гледа во фудбалот…

Милан со гол во последна секунда од мечот успеа да излече реми во градското дерби и да остане пред градскиот ривал.

Росонерите на Нероаѕурите се одмаздија за тоја израмнувачки гол на Перишиќ во есенското дерби, а до реми стигнаа со погодок во финишот на мечот.

Милан напаѓаше во поголем дел од мечот, а во последните десетина минути тргнаа на се или ништо.

Ги имаше на секој дел од теренот, а еден од момците што внесе живот во играта на Милан и младиот играч за врска Мануел Локатели кој влезе од клупа наместо повредениот Соса.

Токму Локатели го изведе можеби и најубавиот потег на мечот. Секако најчуден!

Со лизгачки старт одзеде топка на Кондогбија, потоа падна после дуелот со Нагатомо, но со неверојатно пожртвуваност и вештина успеа да ја сочува топката така што ја стави меѓу нозете и седејќи се сврте покрај Јапонецот, стана, истрпи жесток судар од Едер и ја продолжи акцијата.

Во продолжението направи и тежок прекршок над Нагатомо.