Кандрева јунак на Интер против Сасуоло – Нероазурите редат победи (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Интер славеа на гости против Сасуоло минимално, 0:1 во натпревар од седумнаесетото коло од Серија А.

После петнаесет минути игра на теренот Кандрева шутираше од далечина, но на негова несреќа ја погоди стативата. Неколку минути подоцна Икарди со глава шутираше непрецизно. Сасуоло преку Дефрел пропушти огромна шанса за погодок, неговиот шут беше запрен од Самир Хандановиќ.

На почетокот на второто полувреме Кандрева после одбиена топка му донесе водство на нероазурите. Сенси имаше шанса да го израмни резултатот, но шутираше лошо од блиску. Перишиќ имаше шанса до зголеми водството, но катастрофално шутираше. Гостите останаа со фудбалер помалку на теренот во финишот на натпреварот бидејќи Фелипе Мело доби втор жолт картон. Интер на крајот запиша нова победа во Серија А, втора во низа.

Интер во следното коло на Џузепе Меаца ќе го пречека Лацио, а Сасуоло ќе му гостува на Каљари.

Antonio Candreva Goal HD – Sassuolo 0-1… by TeQuieroRealMadrid