Канте откри што вози, а уште повеќе го засакаа!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Канте е еден од тие играчи кои зборуваат на теренот, а не надвор од него.

Канте од Лестер дојде во Челси и стана незаменлив во тимот на Конте.

Тој е вистински работник, тркач, освојува топки и креира напади. Благодарен е играчот кој секој тренер би сакал да го има во тимот.

Канте откри интересни работи за него за медиумите.

„Никогаш не сум бил некој кој сака автомобили. Мојот Мини Купер е одличен. Се учев на него, а го добив во Лестер и сеуште го возам.“

„Кога почнав да одам во училиште, пливав, играв рагби, фудбал и се занимавав со атлетика. Ми рекоа дека имам спортски дух и дека треба да изберам некој спорт, а јас се одлучив за фудбалот.“