Карагер удри по Клоп: Гледате ли дека Манчестер Јунајтед има подобра екипа од Ливерпул?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Видливо разочаран по синоќешното реми со Ливерпул на гостувањето кај Вест Хем, беше некогашниот капитен на „Црвените“, Џејми Карагер.

Тој порача дека Ливерпул мора да игра многу подобро доколку сака да ја освои титулата. Исто така, уште еднаш посочи дека Манчестер Јунајтед има подобра екипа.

„Кажав и вчера дека Манчестер Јунајтед има подобра екипа од Ливерпул. Луѓето мислат дека тоа е чудно, но мислам дека сега тоа јасно се гледа.

Мислам дека Клоп направи грешка на позицијата десен бек бисдејќи го пушти Клине. Кеита кој доста е платен игра слабо и продолжува да ја губи топката. Фирмино не личи на себе, а од Салах против Вест Хем не видовме ништо“, истакна некогашниот англиски репрезентативец.

За потсетување, предноста на Ливерпул во однос на Манчестер Сити сега е стопена на само три бода.