Каталонците ја расипуваат работата на Челси – Фудбалерот од средниот ред доаѓа на Камп Ноу


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Покрај Матиќ на радарот на Барселона се и двајцата шпанци Цезар Аспиликуета и Маркос Алонсо.

Српскиот репрезентативец, Немања Матиќ е на мета на Барселона за летниот преоден рок.

Според Марка двајца од раководството на Барселона престојуваа во Лондон во понеделникот за да го видат Матиќ на натпреварот помеѓу Вест Хем и Челси, но тој остана на клупа и влезе во последните 20 минути.

Матиќ ја игра четвртата година на Стемфорд Бриџ во вториот мандат, а оваа сезона во сите натпреварувања одигра 28 натпревари.

Во текот на кариерата има играно за Колубара, Кошице, Витесе и Бенфика.