Квитова оперирана: Пауза од 3 месеци!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Чешката тенисерка, Петра Квитова денес беше на операција на левата рака, поради повредата од нож по нападот на криминалецот во нејзиниот дом.

Карел Тејкал изјави дека операцијата траеле 3 часови и 45 минути, дека станува збор за сериозна повреда, но дека нема причина зошто Квитова не би се вратила на теренот.

Петра Квитова вчера беше нападната во својот дом.

Паузата ќе трае најмалку 3 месеци, па Квитова ќе пропушти важен дел од сезоната.

Квитова која го освои Вимблдон во 2011 и 2014 година, вчера изјави дека е среќна што е жива, но дека е силна и дека ќе продолжи да се бори.