Кинезите се согласија – Интер ја активира клаузулата за напаѓачот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нероазурите ќе издвојат 25 милиони евра за хитот во Серија А.

Кој се ќе дојде во Интер следното лето не може со сигурност да тврдиме, но миланскиот клуб има големи амбиции и планови. Далекоисточниот гиганти Сунинг кој е газда на Интер даде зелено светло за доведување на уште едно засилување следното лето, пишуваат италијанските медиуми.

Се работи за откритието на сезоната во Серија А оваа сезона, Патрик Шик. Овој млад напаѓач минатото лето стигна во Сампдорија од Бохемианс и за неколку месеци во Италија покажа дека пред него е голема иднина. Иако Кваљарела и Муриел се стартниот тандем во тимот на Сампдорија, младиот Чех успеа да постигне седум првенствени погодоци.

Добрите игри не поминаа незабележано, па еден по еден од италијанските гиганти почнаа да се распрашуваат за Шик. Прво Интер, па Милан, потоа Рома и Лацио… Тоа подоцна го потврди и неговиот менаџер. Интер се покажа како најсериозен и ги направи првите чекори.

Спортскиот директор на нероазурите, Пјетро Аузилио разговараше неколку пати со раководството на Сампдорија. Усмен договор има, а Интер според него ќе плати 25 милиони евра за чешкиот напаѓач. Толку изнесува откупната клаузула на Шик. Се чекаше зелено светло од кинеските сопственици и тоа стигна минатите денови.

Планот е Интер да го купи младиот напаѓач, но може да го остави во Сампдорија или на некој друг клуб уште една година на позајмица за да има поголема минутажа и да продолжи да напредува.