Клаузулата е активирана, а ова се слатките маки на Гризман!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Повеќе нема дилеми, два клубови се подготвени да ја платат клаузулата.

Јунајтед и Баерн се подготвени да ја активираат клаузулата, поточно да платат околу 100 милиони евра на Атлетико по што тие нема ништо да одговараат.

Тој има три опции.

Мурињо веќе го повика, Погба го убедува дека времето и живото во Манчестер не се лоши.

Од друга страна е Баерн, помалку атрактивна лига, но секако гигант каде што Гризман би можел да се развива како што треба.

Дури се зборува дека тој би сакал да оди во Германија, но нема сигурни информации за тоа.

Трета опција е да ги одбие двете понуди и да остане во Атлетико, а тоа е поврзано со Симеоне и со клубот кој би оставил играчот да одлучи сам.

Одлуката сакаат да ја слушнат во јуни, Јунајтед секако ќе ги потроши споменатите 100 милиони, ако не на Гризман, тогаш на Лукаку.

Што се однесува до Баерн, Анчелоти го сака и Верати, кој навистина не е напаѓач, но Анчелоти смета дека Италијанецот во овој момент му е повеќе потребен.