Клоп беше изненаден кога Ливерпул го доведе Фирмино

Менаџерот на Ливерпул Јирген Клоп рече дека бил шокиран кога видел дека тој клуб го доведе Роберто Фирмино.

Бразилецот стигна од Хофенхајм за 29 милиони фунти во јуни 2015 година, а набрзо на местото менаџер стигна Клоп наместо Брендан Роџерс.

Фирмино кај Клоп стана еден од најважните играчи на екипата, а германскиот стручнак призна дека бил изненаден што Ливерпул успеа да го доведе.

„Прва работа која што ја направив кога го напуштив Дортмунд е што ги избришав сите броеви од телефонот со цел да не ме добијат. Никој не ме праша за Фирмино, но тој беше играч за кој мислев дека е меѓу најдобрите во Бундеслигата. Кога видов дека Ливерпул го доведе помислив “Како тоа им успеа? Тие не беа во најдобар момент, а многу клубови можеа повеќе и да платат. Помислив дека направија вистински потег“, рече Клоп.