Клоп го сонува италијанецот – Но, за се се прашува Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На Апенините се повеќе се шпекулира, тренерот на Ливерпул го гледа напаѓачот на Сасуоло.

Јирген Клоп маки мачи со повреди, а посебно го грижи тоа што подолго време не може да најде вистински напаѓач. Оваа зима и во пролетта ќе мора да работи со оние со кои располага.  Поради тоа на лето планира голем напад на Доменико Берарди.

Според Газета ди Модена, близок извор до Сасуоло тврди дека Јирген Клоп се повеќе се распрашува за напаѓачот и е спремен да влезе во триаголникот и ќе се обиде да го им го земе Берарди пред нос на Јувентус.

Тука лежи и најголемиот проблем на Клоп. Од Еузебио Ди Франческо доби одговор дека мора да чека до лето и дека до тогаш Сасуоло не ги гледа понудите за италијанскиот голгетер. Проблемот е тоа што Јувентус одамна има договор со Сасуоло и правата на договорот на Берарди кој може да го откупи за 25 милиони евра. Но, старата дама бидејќи во нападот ги има Пауло Дибала, Марио Манџукиќ и Гонзало Игуаин, споменатиот извор соопшти дека не очекува Јувентус да ја искористи оваа опција.

Клоп ќе се обиде да се договори со Сасуоло и Јувентус, Ливерпул да плати 25 милиони евра.

Интерес за Берарди има и од Интер, Милан и Фиорентина.