Клоп пазари во Германија?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Одличните игри на Наби Кеита не останаа неприметени од страна на Јирген Клоп.

Играчот на Лајпциг е најпријатното изненадување во Бундеслигата оваа сезона, па на добрите игри се должи и интересот од Ливерпул, Арсенал, Борусија, Баерн и други екипи.

Ова момче буквално лета по теренот, допринесува и во дефанзива и во офанзива, досега постигна 4 погодоци.

Во Лајпциг пристигна ова лето од Ред Бул Салцбург како еден од најдобрите играчи.

Пред Салцбург играше во францускиот тим Истр каде што и ги направи првите чекори во фудбалот.

Инаку потекнува од Гвинеја и досега има одиграно 12 натпревари за својата татковина, на кои има постигна севкупно 2 погодоци.