Клоп располага со 50 милиони, избра двајца фудбалери


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп доби 50 милиони фунти за засилувања во зимскиот преоден рок.

Црвените одлично ја отворија сезоната и сега еден од кандидати за освојување на титулата во Англија, а тренерот Клоп како награда за тоа ќе добие 50 милиони фунти.

Ќе има шанса да доведе двајца фудбалери, а наводно на негова мета се дефанзивецот на Саутемптон, Ван Дијк и напаѓачот на Селтик, Муса Дембеле.

Ван Дијк моментално е еден од најбараните на островот, а Клоп само го пофали за овој млад фудбалер. Во Саутемптон поставија клаузула од 25 милиони фунти, а Ливерпул најверојатно ќе ја активира.

Што се однесува до Дембеле, тој е многу млад, но многу ветува. На Енфилд би требало да стигне како замена за Садио Мане кој ќе игра на афричкиот на куп на нации во јануари.