Коентрао со критики за Зидан поради минутажата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Коентрао по враќањето од позајмица од Монако поминува низ тежок период во Мадрид.

Тој одигра само 1 натпревар за Реал Мадрид, а иако се пишуваше дека не игра поради повреда, сепак Коентра го демантираше тоа.

Тој вели дека Зидан е виновен за тоа што тој не игра.

„Во медиумите се напишани многу лаги. Јас целосно оздравев и тренирам нормално, а тоа што не играм е одлука на тренерот.“

„Јас тренирам напорно секој ден со цел да се подобрам и да покажам дека може на мене да се смета. Договор имам до 2019-та година и се надевам дека во наредниот период ќе имам поголема минутажа. Ако не биде така, тогаш ќе заминам.“

Коентрао дојде од Бенфика за 30 милиони евра од Бенфика.