Комплетниот состав на Србија за ЕвроБаскет 2017


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


 

Дуото од Богдан Богдановиќ и Бобан Марјановиќ ќе го предводи националниот состав на Србија на претстојниот ЕвроБаскет.

 

На Србија и недостасуваат неколку клучни играчи за Евробаскетот кој почнува задутре, а веројатно најмногу ќе се почувствува отсуството на Милош Теодосиќ.

Целиот состав изгледа вака: Стефан Јовиќ, Василије Мициќ, Владимир Лучиќ, Милан Мачван, Стефан Бирчевиќ, Бобан Марјановиќ, Богдан Богдановиќ, Марко Гудуриќ, Бранко Лазиќ, Драган Милосављевиќ, Огњен Кузмиќ и Владимир Штимац.

 

Забележливо е отсуството на играчи како Јокиќ, Радуљица, Калиниќ и Бјелица, кои ЕвроБаскетот ќе го пропуштат поради повреди.