Конечно дочека – Икарди добива повик од Аргентина?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди вчера одигра феноменален натпревар против Аталанта во победата на неговиот тим со 7:1.

Икарди во вчерашниот натпревар за 9 минути постигна хет-трик, па ја воодушеви јавноста.

По натпреварот тој изјави дека се надева дека ќе добие шанса да заигра во репрезентацијата.

Селекторот на Аргентина, Едгардо Бауза неодамна го објави списокот на кој не беше Икарди. Бауза додаде дека Икарди ќе добие повик само ако се повреди некој од напаѓачите.

И по се изгледа дека напаѓачот на Интер доби добри вести, откако медиумите пренесоа дека Бауза испратил повик до него за наредните натпревари на Аргентина.

Се повреди Прато, а неговото место, по се изгледа дека ќе го добие Икарди.

Аргентина своите натпревари за квалификациите за СП ги игра на крајот на овој месец. Тие прво ќе играат против Чиле, а потоа и против Боливија.