Конечно одлични вести за „Росонерите“: Познат епилогот од четиричасовниот состанок помеѓу Леонардо и Мино Раиола…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Што познатиот менаџер има да му понуди Милан?

Директорот на Милан, Леонардо ќе има полни раце работа за да го засили својот тим за оваа, но и следната сезона.

Во таа насока, Бразилецот веќе размислува за потенцијалните засилувања, Пакето од Фламенго е веќе готов договор, но се чека главното засилување – Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот е тивка надеж за „Росонерите“, а нив би можела да ги израдува информацијата дека денес е извршен состанок помеѓу Леонардо и застапникот на Златан, Мино Раиола кој траеше повеќе од четири часа.

Епилогот од се дека се започнати и официјалните преговори од обете страни, а сега останува да се види како тие ќе завршат.

Ибрахимовиќ беше главна, но не и единствена тема, па не би требало да не чуди ако видиме уште неколку „ѓаволски“ пактови.