Конте не сака да се расправа со Мурињо преку медиуми!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Тренерот на Челси не се замара со коментарите на својот претходник.

Мурињо по победата на Јунајтед против Вотфорд го повтори своето мислење дека не верува дека некој ќе успее да го стигне Челси, бидејќи Конте форсира „конзервативен фудбал каде главна цел е да се сочува голот.“

Челси не успеаа да го направат тоа, Брејди постигна гол од слободен удар, а на крајот заминаа со 1 бод од натпреварот.

Новинарите го пречекаа Конте да ги искоментира зборовите на Мурињо.

„Има уште 13 кола до крајот и ништо не е готово. Според мене 6 клубови имаат шанса. Се е возможно до крајот.“

„Разочаран сум што денес не победивме. Бевме подобри, вложивме многу енергија, создадовме многу шанси, но не успеавме да победиме.“