Кој би рекол? Солари урна рекорд со Реал Мадрид!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид пред краток период се раздели со Хулен Лопетеги, па Сантијаго Солари веднаш беше поставен за привремен тренер на екипата.

Солари имаше тежок предизвик, но досега го предводеше тимот во три натпревари и запиша три победи.

Во последниот период почнаа шпекулации дека би можел да остане, а и Касемиро кажа дека сака да се случи тоа.

Не само што успеа да запише три победи во исто толку натпревари, туку успеа да не прими и ниту еден гол, а тоа не му успеало на никој од почетокот на 50-те години од минатиот век.