Кој е најтрофеен клуб во Англија? Имаме две верзии!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Како и да е, Ливерпул повеќе не е најтрофеен тим.

Кошмарот на навивачите се оствари. Најголемиот ривал Јунајтед освои голем трофеј кој ја менува историјата на фудбалот на Островот.  Откако пред неколку години ги премина по бројот на титули во Англија, сега е подобар и во вкупниот збир.

Или се израмнети?

За навивачите на Јунајтед, нивниот клуб е од денес најтрофеен. За навивачите на Ливерпул, двата клубови се израмнети. Но по се изгледа дека првата верзија е поточна и дека Јунајтед има 42 трофеи, а Ливерпул има 1 помалку.

До пред неколку денови на твитер профилот на Ливерпул стоеше фактот дека тоа е најтрофеен англиски клуб со вкупно 41 трофеј.

Како што се приближуваше финалето во Лига купот, така во Ливерпул станаа свесни дека тоа нема да стои уште долго. За да не го чекаат крајот на натпреварот и да привлечат поголемо внимание, тие решија да го тргнат тоа пред неколку денови.

Со победата на „Вембли“, Јунајтед го премина Ливерпул по број на големи титули.

Манчестер Јунајтед има 20 титули во Англија, а Ливерпул има 18. Јунајтед има 13 трофеи во ФА купот додека Ливерпул има 7. Јунајтед има 5 титули во Лига купот, а Ливерпул има 8. Јунајтед три пати беше шампион во Европа, а на Ливерпул тоа му успеа 5 пати. Јунајтед има еден трофеј во поранешниот куп на победници на купови, а Ливерпул нема ниту еден.

Но затоа Ливерпул има 5 титули во УЕФА купот, а Јунајтед нема ниту еден. Јунајтед има една титула од клупското првенство на светот, а Ливерпул нема ниту една.

Тоа е пресметката која ја водат на Островот. Не ги сметаат трофеите во Компјунити шилд и Суперкупот на Европа. Но за навивачите на Ливерпул е според еден трофеј, а тоа е тој за СП за клубови затоа што тие не го сметаат во ранг на големи трофеи.

За навивачите на Јунајтед таа титула се смета и со гордост кажуваат дека тие се најтрофеен англиски клуб. Далеку зад нив е Арсенал со 29 големи титули.

Како и да е, Ливерпул повеќе не може да се кажува дека е најголем на Островот. На крајот на минатиот викенд, Ливерпул беше убедливо пред Јунајтед. А по 1990 и ерата на Фергусон многу работи се сменија.

Во последните 27 години, Јунајтед освои 27 големи трофеи, а Ливерпул само 9.