Крајот на сезоната се ближи, но се ближи и крајот на Белерин во Арсенал?


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Во последните неколку недели се појави шпекулација дека 21-годишниот играч на Арсенал, Белерин ќе го напушти тимот на крајот на сезоната.

И покрај тоа што потпиша долгогодишен договор со клубот во ноември, тој е поврзуван со заминување од Арсенал, а интерес за него покажаа Барселона, како и Сити.

Меѓутоа, тој е блиску до заминување во тимот на Гвардиола, затоа што сака да остане во ПЛ, но останува прашањето дали Арсенал е подготвен да му продаде десен бек на еден од најголемите ривали за титулата.

Медиумите известија дека Белерин е главна мета на Барселона во наредното лето, а се наведува дека до трансфер ќе дојде ако Венгер замине од Арсенал.