Куртоа може да си замине, Челси најде одлична замена!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот голман, Тибо Куртоа, наводно до крајот на преодниот рок ќе потпише за Реал Мадрид, па Челси ќе мора да ангажира негова замена.

Како што пишува „Скај спорт“, Челси како идеална замена за Куртоа го гледаат голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, па ќе се обидат да го донесат во свои редови.

Пикфорд нема ефтино да ги чини. Тимот од „Гудисон парк“ го плати минатото лето дури 30 милиони фунти, па сега лесно би можело да се случи цената да биде дури 45 милиони фунти.

Меѓутоа, тоа не би требало да биде проблем за екипата од Лондон, која има доволно екипа да ги купи едни од најдобрите играчи во светот.