Лаказет го спаси Арсенал, Ливерпул ја продолжи серијата без пораз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипите на Арсенал и Ливерпул одиграа фантастичен натпревар на „Емирати“ кој на крајот заврши без победник, 1:1.

Во првиот дел имаше по неколку шанси на двете страни, но гол не беше постигнат. Садио Мане еднаш ја затресе мрежата на домаќините, но голот беше поништен поради офсајд позиција.

Во вториот дел Ливерпул стигна до водство во 61. минута од средбата кога на една одбиена топка налета Џејмс Милнер кој го совлада Бернд Лено.

Лаказет во 86. минута со одличен удар успеа да го спаси Арсенал од пораз и да ја продолжи серијата од 14 натпревари без да ја почувствуваат горчината на поразот.