Легендата на европскиот фудбал: Денешниот фудбал е екстремно досаден, особено оној на Атлетико Мадрид


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Легендарниот шпански фудбалер, Чави Ернандез призна дека денешниот фудбал го смета за прилично досаден.

Во разговор за Радио Каталонија, Чави истакна дека ниту малку не му се допаѓа што поголемите клубови форсираат формација со еден истурен класичен напаѓач, и се поголем број на клубови „бегаат“ од поседот на топката.

„Поголемите клубови чии натпревари ги следам играат досаден фудбал. Многумина клубови денес како да не сакаат да играат со топката, а напред имаат само еден напаѓач. Се повеќе се сведува играта на затворање на просторот и ограничување на противникот“, започна Чави и додаде:

„Тоа најдобро можете да го видите по принципот по кој игра Атлетико Мадрид. Ним им е исклучително тешко да постигнат погодок, само се сконцентрирани на дефанзивата кога играат против силни противници. Не ги интересира поседот, само покривањето на теренот и целата нивна тактика кога играат против Барселона и Реал се сведува на тоа. Веројатно тренерот ги уверил играчите дека таквиот фудбал е единствен начин да се направи успех“.

Чави сепак истакна и неколку позитивни примери.

„Ми се допаѓа како игра Атлетик Билбао, но и Бетис. Тие играат со оригинални идеи, тоа е убаво. Нормално, сакам да го гледам и Манчестер Сити на чело со Пеп Гвардиола“, заклучи Чави.