Леонардо: Пјонтек ќе почека и ќе се потруди да го заслужи бројот 9?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Спортскиот директор на Милан, Леонардо зборуваше на денешната прес конференција за новото засулување, Криштоф Пионтек.

Најинтересно беше кога зборуваше за тоа зошто Полјакот на крајот го зел бројот 19.

„Не постои никакво празноверие зад тоа што Пионтек не ја доби „деветката“. Донесовме одлука. Тој го сакаше бројот 9, но ние сметаме дека во овој момент тој број треба да се заслужи. Тоа е многу важен број, такашто на крајот го пуштивме да го земе бројот 19. Меѓутоа, сметам дека тој има потенцијал да го добие бројот девет“.

Леонардо не сакаше многу да зборува за Игуаин кој го напушти клубот и премина во Челси.

„Нема ништо посебно да се каже за Игуаин. Ја испочитувавме неговата одлука и замина. Овде сме поради Пионтек и зборуваме за него. Секоја одлука која ја донесуваме, ја делиме со сите, па и со тренерот. Ги завршивме работите со Јувентус околу неговата позајмица и можеме да доведеме играч кој го сакавме. Што се однесува до Ибрахимовиќ и Фабрегас, се обидовме да ги донесеме не беа блокирани со нашата позиција на пазарот, туку со пазарната ситуација“, истакна Леонардо.

За потсетување, Пионтер во Милан пристигна од Џенова за 35 милиони евра, а своето деби ќе го има веќе в сабота кога Милан ја пречекува екипата на Наполи.