Ливерпул го посакува најдобриот играч на Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од таборот на Ливерпул се заинтересирани во јануари во своите редови да го донесат фудбалерот на Наполи, Лоренцо Инсиње.

„Раи Спорт“ пренесува дека Клоп притискал да го донесе играчот кој го постигна единствениот гол кога Наполи беше домаќин на Ливерпул во Лигата на шампионите.

Се уште не се споменува сумата која би ја уплатил тимот на Ливерпул на Наполи, но едно е јасно дека таа нема да биде мала. Се шпекулира дека во понудата би можел да биде вклучен и некој играч на црвените.

Доколку пристигне на „Енфилд Роуд“ Лоренцо Инсиње нема да има право за настап во Лигата на шампионите затоа што веќе играше за Наполи во ова натпреварување.