Ливерпул донесе ново засилување: Вајналдум откри кој стигнува во Ливерпул


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


До овој заклучок дојдоа медиумите благодарение на активноста на Вајналдум на Инстаграм.

Квинс Промес е на пат кон „Енфилд Роуд“.

Крилниот фудбалер на Спартак Москва на својот Инстаграм профил постави слика од авион на која се гледа дека стигнува во Ливерпул.

Неговиот колега Вајналдум остави коментар на таа слика, а медиумите пренесоа дека се е договорено.

Промес по медиумите веќе некое време се поврзуваше со Ливерпул.

Овој 24-годишен фудбалер е во Спартак од 2014 година, стигна во Москва од Твенте и досега на 78 натпревари постигна 37 голови и 20 асистенции.

Има договор со рускиот тим до 2021 година, а Русите нема да прифатат понуда помала од 20 милиони фунти.