Ливерпул ја прифати понудата: Играч за врска заминува од клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Англиските медиуми денес пренесуваат дека Ливерпул ја прифатил понудата за нивниот играч за врска, Лукас Леива.

Пред неколку денови се појави информација дека Интер сака на позајмица да го земе Бразилецот, а по се изгледа дека наскоро тоа и ќе се случи.

Оваа вест ја потврди Фабрицио Романо кој изјави дека се останува на Интер.

Да потсетиме, Леива во Ливерпул стигна во 2007 година од Гремио додека тренер беше Рафа Бенитез.

Оваа година Леива одигра само 8 натпревари, а во голем дел од случаите влегуваше од клупата.